Со енергетска ефикасност до десет пати пониски сметки за затоплување

25

Основното училиште „Вера Циривири – Трена“ во кое беше поставен систем на топлотни пумпи вода-вода, плаќа сметки за греење околу 100.000 денари месечно, наместо над милион како порано.

Од Општина Карпош велат дека тоа е речиси десеткратно намалување на трошоците – пари кои наместо за скапо греење, остануваат за клупи, столчиња, компјутери, „паметни“ табли и подобри услови за децата.

– Ова е патот по кој ќе продолжиме со сите училишта во Карпош – да бидат модерни, економични и енергетски ефикасни. Карпош уште еднаш покажува дека кога се работи со визија – резултатите се мерливи и видливи. Видовме што значи вистинска инвестиција во иднината – нагласуваат од локалната самоуправа.

ИЗДВОЕНИ