Италијанскиот моден дизајнер Валентино Гаравани, гигант на модната индустрија и основач на брендот Валентино, беше погребан денес во базиликата Санта Марија дели Анџели во присуство на бројни личности од светот на модата, филмот, политиката и јавниот живот.
Меѓу присутните на погребот беа актерките Ен Хатавеј и Елизабет Харли, како и дизајнерките Ана Фенди и Брунело Кучинели, долгогодишната уредничка на „Вог“ Ана Винтур, како и семејството и долгогодишниот личен и професионален партнер на познатиот дизајнер, Џанкарло Џамети, објавува „Анса“.
Во преполната базилика беа поставени само бели цвеќиња, а црно-бела фотографија од дизајнерот беше поставена до ковчегот.
Тој беше исклучителна личност во светот на модата, а неговата страст за стил и елеганција беше разбудена во неговото детство, кога ги поминуваше попладневните часови играјќи си со ткаенини во продавницата на неговата тетка Роза.
Валентино се пензионираше од активниот дизајн во 2008 година, но неговото влијание врз светот на модата остана силно, а неговите креации сè уште се сметаат за врвни примери на луксузна мода.












