ЈП за државни патишта склучило договор со фирмата на „Слобода бус превоз“ на Ленин Јовановски. Како што е објавено на сајтот на Бирото за јавни набавки, станува збор за двегодишен договор за превоз на вработени на ЈПДП до патарините за што ќе бидат исплатени 43,6 милиони денари (околу 715 илјади евра)

 

ЈП за државни патишта склучило договор со фирмата на „Слобода бус превоз“ на Ленин Јовановски. Како што е објавено на сајтот на Бирото за јавни набавки, станува збор за двегодишен договор за превоз на вработени на ЈПДП до патарините за што ќе бидат исплатени 43,6 милиони денари (околу 715 илјади евра).

Според тендерските услови, се бара превоз на вработени на релација од Скопје кон патарините Петровец – Миладиновци–Преод и обратно, поаѓа од Скопје кон Петровец (Контролен Центар). Потоа од Скопје кон патарините Петровец – Сопот – Отовица и обратно. Вработени ќе треба да се носат и од Велес кон патарината Градско и обратно. Од Гостивар се опфатени патарините Гостивар – Тетово – Желино –Глумово и обратно, а од Тетово кон патарините Тетово – Желино – Глумово и обратно. Од Куманово се опфатени патарините Романовце – Миладиновци – Петровец и обратно, а од Демир Капија ќе се носат вработени кон Миравци – Смоквица кон Гевгелија и обратно. Исто така, од Демир Капија кон патарина Демир Капија – Неготино – Градско и обратно, додека од Штип автобуси ќе носат вработени кон патарина Кадрифаково – Преод и обратно.

Од Економскиот оператор во тендерот се бараше да има успешно извршени најмалку три договори со кој е опфатено ваков вид на услуги во последните 3 години (2024, 2023 и 2022), да поседува или да располага со најмалку две моторни возила со минимум 21 седиште, не постари од 5 години и истите да бидат на располагање за цело времетраење на договорот и да се опремени со клима-уред.

ИЗДВОЕНИ