вторник, февруари 17, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Со 2,36 промили алкохол во крвта возел мопед низ Охрид

Со 2,36 промили алкохол во крвта возел мопед низ Охрид

191

Вчера во 17:15 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.К.(53) од Охрид.

При контрола во патниот сообраќај, извршен на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници сопреле мопед со охридски регистарски ознаки, и по извршено алкотестирање е констатирано дека го управува под дејство на алкохол, односно му беа измерени 2,36 промили алкохол во крвта.

Тој е исклучен од сообраќај и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување моторно возило“.

ИЗДВОЕНИ