Со 2.64 промили седнал во „југо“ и удрил во „нисан“ пред кооперација

Пет пијани возачи „дувнале“ над дозволеното

52

Полицијата приведе пет пијани возачи на македонските патишта од кои еден направил и сообраќајка. 46-годишен жител на Требеништа го возел своето „југо“ без таблички со 2,64 промили алкохол во крвта. Имено, полицијата го уапсила пред продавница откако удрил во паркиран „нисан“ во сопственост на жител од охридското село Долно Коњско. Пијаниот бил однесен во станица и кривично ќе се гони. Двајца пијани возачи викендот се фатени и во Македонска Каменица.

– При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со бугарски национални ознаки, кое го управувал Б. М. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2.36 промили алкохол во крвта. Исто така во Македонска Каменица полицијата сопрела патничко возило „ауди“ управувано од М. Ј. и по преземените мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1.92 промили алкохол во крвта, стои во билтенот на МВР

Помалку пијан бил охриѓанец во Кавадарци, возел „киа“, а полицијата му измерила 1,55 промили алкохол во крв. Во листата на приведени возачи под дејство на алкохол се вбројува и 50 годишен кумановец. Тој со својот „сеат“ возел со 1.6 промили алкохол во крвта. Полицијата кривично ќе ги гони приведените кои пијани седнале зад волан, им се заканува парична или казна затвор до три години.

 

 

ИЗДВОЕНИ