Светската професионална асоцијација за билијард и снукер (WPBSA) сака снукерот да стане олимписки спорт, почнувајќи од Игрите во Бризбејн. во 2032 година.

Оваа иницијатива доаѓа откако Кинезот Жао Синтонг ја освои светската титула во Шефилд, каде што го победи трикратниот шампион, Марк Вилијамс, со 18:12, во финалето на Светското првенство, откако во полуфиналето го победи легендарниот седумкратен шампион, Рони О’Саливан.

Оваа победа му донесе награда од 500.000 фунти, а според проценките, натпреварот го гледале околу 150 милиони гледачи во Кина. Земјата, која има повеќе од 300.000 сали за снукер, доживеа вистински бум во спортот и организацијата WPBSA сака да го искористи тоа за да го воведе снукерот на Олимписките игри, можеби уште на Игрите во Бризбејн, во 2032 година.

ИЗДВОЕНИ