четврток, октомври 15, 2026
Дома СВЕТ Снимена потера на небото над Украина: Дрон погоди руски хеликоптер/ВИДЕО

Снимена потера на небото над Украина: Дрон погоди руски хеликоптер/ВИДЕО

1
Фото: Facebook/115 окрема механізована бригада ЗСУ

Припадници на 115-та посебна механизирана бригада на украинската армија објавија видео на социјалните мрежи на кое се гледа како нивниот FPV-дрон погодува руски јуришен хеликоптер Mi-28NM.

Бригадата не ја соопшти локацијата ниту датумот на инцидентот, но извори за „Украинска правда“ изјавија дека хеликоптерот бил погоден на 28 септември 2026 година во областа Белгород.

Рускиот хеликоптер бил погоден од оператори на противвоздушниот ракетен баталјон „Вонземјани“ (Aliens), соопштија од бригадата. Тие истакнаа дека целта била еден од најновите модернизирани руски јуришни хеликоптери.
„Противвоздушниот FPV-дрон го пресретна леталото во воздух, не оставајќи му никаква шанса ниту на хеликоптерот, ниту на неговиот екипаж“, се наведува во соопштението.

Воениот експерт Олексиј Мелник претходно предупреди дека Mi-28 претставува една од најголемите хеликоптерски закани за украинската одбрана. „Mi-28 се покажа како значително поефикасен за време на ноќни операции“, рече тој.

„Индекс“ пишува дека хеликоптерот поседува напреден авијациски систем за движење во услови на слаба видливост, поради што Русите го нарекуваат „Ноќен ловец“. Покрај тоа, тој може да лета на мали височини, што го отежнува неговото навремено откривање од страна на украинската противвоздушна одбрана.

ИЗДВОЕНИ