Снежна бура во Русија создаде целосен хаос на патиштата – 148 лица евакуирани од блокиран автопат/видео

136
Фото:принтскрин

Невообичаени сцени се одвиваа вчера во регионот Саратов во Русија, каде што спасувачките служби евакуираа 148 лица, меѓу кои и 34 деца, од блокиран автопат. Силна снежна бура и ветрови со налети до 27 метри во секунда создадоа целосен хаос на патиштата, објавува „РИА Новости“.

Регионалниот гувернер Роман Бусаргин потврди на својот „Телеграм“ канал дека ограничувањата поради снежни наноси и сообраќајни несреќи сè уште се на сила на делови од шест федерални автопати. „На секој од нив работат специјалисти и машини од спасувачката служба, сподели „Индекс“.

Граѓаните се евакуираат во центри за привремено сместување со нивна согласност, а организирани се и испораки на гориво. На пример, во областа Енгелски, во близина на селото Безимјаное, евакуирани се 148 лица, меѓу кои и 34 деца. Работата е веќе завршена на уште 9 патни делници, сообраќајот е обезбеден“, напиша Бусаргин.

Покрај сообраќајниот колапс, невремето предизвика и голема материјална штета. Поради силните ветрови и паѓањето дрвја, оштетени се далноводи, оставајќи дури 205 населени места без електрична енергија. Енергетските служби, со вкупно 59 екипи на терен, работат на отстранување на дефектите. Гувернерот прецизираше дека е регистрирана и штета на покривите на неколку училишта, болници и станбени згради.

Речиси 1.500 машини беа распоредени за расчистување на патиштата и улиците, а 18.000 тони мешавина од песок и сол беа употребени за помалку од 24 часа.

Поради снежната бура, на пет федерални автопати беа воведени ограничувања за камиони и автобуси. Сите служби за итни случаи и комунални услуги, како и властите на сите нивоа, работат дење и ноќе за чистење на последиците, а активен е и оперативниот штаб, потврди гувернерот.

ИЗДВОЕНИ