петок, јануари 30, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Снежен бран ќе ја зафати Македонија викендов

Снежен бран ќе ја зафати Македонија викендов

127

Во текот на утрешната ноќ, значи петок кон сабота (3 кон 4 јануари), како и во сабота во раните утрински часови, особено во северозападните  и во западните предели од Македонија од север ќе помине еден брз снежен бран кој на повеќе места ќе донесе пообилни врнежи од снег (вклучувајќи ги и градовите во овој дел од Македонија). Овој бран на снежни врнежи позначително ќе е зголеми снежната покривка на планините и на Скијачките центри (за 20 до 30 сантиметри, локално можно  е  и за повеќе). Мала снежна покривка ќе се формира и во делови од градовите во овој дел од Македонија, пишува Метеоаларм

Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина до околу 60 км/час). Во Скопје и околината повремен снег се очекува особено во повисоките предели од котлината, како и на околните планини.

Што се однесува до температурите, тие позначително ќе опаднат  и во сабота ќе се движат во интервалот само од 1 до 8 степени, додека на повисоките, планинските и на Скијачките центри температурите постојано ќе бидат под нулата.

ИЗДВОЕНИ