Снегот прави хаос низ Европа: Сообраќаен колапс, огромна снежна бура во Швајцарија, Италија, Франција

231
Фото: X Johanns (Alpen)weer

Првите обилни снежни врнежи оваа сезона во Алпите затворија неколку планински патишта и го нарушија сообраќајот во делови од Швајцарија, Италија и Франција.

До 20 сантиметри снег паднаа во Швајцарија во саботата на надморска височина над 2.000 метри, што ги натера властите да затворат голем број важни планински превои. Според Швајцарскиот туристички клуб, превоите Фурка, Готхард, Гримсел, Нуфенен, Прагел, Сан Бернардино и Сустен беа затворени од безбедносни причини.

Овие делови обично се затворени во текот на зимата, вообичаено од ноември до мај или јуни.

Снежните услови предизвикаа и сообраќаен метеж, особено пред тунелот Готхард, каде што патниците чекаа до час и половина во правец југ и до час и 20 минути во правец север. TCS препорача користење на алтернативна рута преку тунелот Сан Бернардино. Федералниот институт за метеорологија и климатологија (Метео свис) прогнозира дека дополнителни врнежи од снег ќе има на границата помеѓу 1.600 и 2.000 метри, особено во централните Алпи. Овие снежни врнежи се резултат на таканаречениот висински минимум, наведоа од „Метео свис“.

ИЗДВОЕНИ