недела, февруари 15, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Снегот го сопре сообраќајот за товарни возила на патот до Попова Шапка

Снегот го сопре сообраќајот за товарни возила на патот до Попова Шапка

24

Поради врнежи од снег од  07:45 часот на патниот правец Тетово – Попова Шапка воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Претходно АМСМ информираше дека во 5.45 часот изутрина воведена е забрана за камиони и  автобуси на патот село Лисец-Попова Шапка.

По целосниот прекин на патот Кичево – Гостивар предизвикан од одрон во 5.40 часот изутрината, екипа од Македонија пат ја исчисти едната сообраќајна лента и сообраќајот од 06.50 часот се одвива наизменично.

ИЗДВОЕНИ