Утрово, на социјалните мрежи се шират снимки од планински врвовиво Србија на кои се гледа како паѓа првиот снег, а бела покривка има и поширокот во регионот. Снимката е направена на Голија, и на неа се гледа пообилна лапавица. Во исто време, снег паѓа и на Копаоник.
View this post on Instagram
Што се однесува до регионот, снегот ги побеле падините на Бјелашница, во Босна и Херцеговина.
РХМЗ на Србија објави дека првиот снег во земјата се очекува на планинските врвови. Во четврток и петок ќе биде облачно и студено со дожд, со снег на планините со формирање снежна покривка, а само на северозапад од Војводина ќе се задржи суво време.
Пообилни врнежи се очекуваат во јужните, централните и источните региони на Србија, особено во четврток попладне, во текот на ноќта кон петок и во петок наутро.
Во период од 48 часа, локално се очекуваат помеѓу 80 и 120 мм дожд, а помеѓу 25 и 50 см снег во планинските подрачја.
Во сабота ќе биде малку потопло со постепено престанување на врнежите, но се очекува ново облачување во недела со дожд од северозапад.