Снег падна низ цела Грција, објави „Прототема“, а поради интензивните врнежи, поголемиот дел од сообраќајот на острови како Крит е целосно запрен. Снег падна во текот на вчерашниот ден на полуостровот Халкидики и на островите Лимнос, Лезбос, Хиос, Спароди, Евија и Крит. Наставата во многу училишта е исто така прекината и се одржува онлајн каде што е можно.
Температурата е над нулата, но сè уште има многу снег. Според најавите на грчките метеоролози, ноќеска и во текот на денот Грција ќе биде зафатена од нов снежен бран.
Многу патишта се покриени со снег, поради што на населението му се препорачува да не излегува од дома неподготвено, особено ако патува со автомобил.
Температурите во Грција се движат од минус три до минус шест степени Целзиусови во поголемиот дел од земјата и минус 10 на северозапад.












