петок, февруари 20, 2026
Дома БАЛКАН Снег го завеа регионот, 50.000 луѓе веќе се без струја: Нова бела...

Снег го завеа регионот, 50.000 луѓе веќе се без струја: Нова бела покривка во Македонија

158

Силен циклон од Јадранското Море донесе многу обилни врнежи од дожд на Балканот. Словенија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и Албанија се на удар, а облачноста со врнежи ја погоди и Македонија.

Денес во Македонија во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови каде се очекува да наврнат над 15 l/m² воден талог. На планините висината на снежната покривка ќе се зголеми од 10 до 15 см.

Силниот циклон донесе многу обилни дождови и долж Јадранското подрачје, проследени со силен ветер и грмотевици. Многу места околу хрватскиот брег се под вода.

Во исто време, обилни снежни врнежи ја покрија Словенија. Наврнаа повеќе од 20 см нов снег, а снежната бура парализираше голем дел од земјата.

Најкритична е ситуацијата на северот од земјата, особено во областа Крањ. Низ Словенија, 50.000 луѓе се без електрична енергија.

Во овој момент, снежната бура се движи кон исток, а на удар е северозападна Хрватска. Снежната бура нема да ја заобиколи пошироката област на Загреб и Љубљана.

Најобилен снег ќе падне во планините, а до половина метар свеж снег ќе падне во повисоките области Лика и Горш Котар. Сообраќајот помеѓу копнена Хрватска и крајбрежјето е веќе многу отежнат.

Заладувањето се движи и кон Србија, а дождот денес ќе се претвори во снег на северозапад од земјата, така што во текот на ноќта ќе врне снег низ целата земја.

ИЗДВОЕНИ