Снег го забеле регионот!

865
Фото: jahorinalive/prinskrin

Студен фронт вчера донесе нагло влошување на времето во регионот. Дождот и врнежите беа придружени со силни ветрови и драстичен пад на температурата. Температурите паднаа за повеќе од 10 степени, па времето е навистина есенско.

Најголеми врнежи беа забележани во северниот дел на Јадранското Море, во Словенија и во северозападна Хрватска.

Во текот на вечерта, времето се стабилизираше во северозападниот регион, додека студениот бран продолжи во Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Во текот на вечерта и ноќта, дождот се претвори во снег на повисоките планини на југоисточна и централна Босна и северна Херцеговина над 1.500 метри и во северна Црна Гора.

Снегот паѓаше неколку часа и ги забеле повисоките планини во овие региони. Температурата падна под 0°C.

Европска престолнина под дебела снежна покривка

ИЗДВОЕНИ