Снајдер ги избра четирите фаворити за СП 2026

153
epa07001964 Wesley Sneijder (2-R) of the Netherlands with his wife and his children after the International Friendly soccer match between the Netherlands and Peru at Johan Cruijff Arena in Amsterdam, Netherlands, 06 September 2018. Sneijder made his final international appearance for the Netherlands. EPA-EFE/KOEN VAN WEEL

Поранешниот холандски фудбалер, Весли Снајдер (41), во интервју за шпанска „Марка“ ги прогласи Португалија, Шпанија, Франција и Бразил за најголеми фаворити за Светското првенство во 2026 година.

„Ако треба да изберам четири репрезентации за полуфиналето, тоа се Португалија, Шпанија, Франција и Бразил. Конкуренцијата е многу посилна. Сите се блиску, ќе биде лудо. Англија исто така има неверојатен тим, исто како Холандија. Можеби Германија ќе се врати на вистинскиот пат, којзнае?“, рече Снајдер.

Снајдер играше за Ајакс, Реал Мадрид, Интер, Галатасарај, Ница и Ал-Гарафа во текот на својата кариера. Освои 19 клупски трофеи, од кои еден е Лигата на шампионите со Интер.

„Улогата на бројот 10 е минато. Бев вистински број 10, како во старите денови. Тоа сега го нема. Играчите од средниот ред со добро физичко присуство сега се важни. Бев играч од средниот ред и мојата работа беше да им помагам на напаѓачите, а не да го покривам целиот терен, па за мене улогата на офанзивен играч од средниот ред повеќе не постои. Не мислам дека постои тим во Европа кој игра со вистински офанзивен играч од средниот ред“, додаде Снајдер.

Снајдер одигра 134 натпревари за холандската репрезентација, постигнувајќи 31 гол освојувајќи сребро на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година и бронза четири години подоцна во Бразил. „Играњето на финалето на Светското првенство против Шпанија беше неверојатно. Беше многу тесен натпревар. Можевме да победиме, но за жал тие победија“, изјави Снајдер.

За потсетување, Шпанија ја победи Холандија со 1:0 со голот на Андрес Иниеста во 116-тата минута. „Доколку Робен ја реализираше одличната шанса што ја имаше, ќе завршеше 1:0 за нас. Во вакви натпревари ви треба малку среќа“, додаде Снајдер.

 

ИЗДВОЕНИ