
Се погласни се информациите дека по пауза од неколку години српскиот интернационалец од редовите на Ал Хилал, Сергеј-Милинковиќ Савиќ, сака да се врати во италијанската Серија А. Искусниот играч за врска има договор со богатиот клуб од Саудиска Арабија до 2026 година, а медиумите на Апенинскиот полуостров тврдат дека СМС е желба на челниците на Интер, Милан и на Јувентус.