Најмалку 85 лица загинаа во Соединетите Американски Држави, од Тексас до Њу Џерси, како резултат на снежната бура и ниските температури што паднаа на 40 степени под нулата, објавија американските власти.
Половина од смртните случаи се пријавени во Тенеси, Мисисипи и Луизијана, и додека некои смртни случаи се припишуваат на хипотермија, за други се сомнева дека се поврзани со изложеност на јаглерод моноксид од извори на топлина што се користат во области без електрична енергија, објави денес АП.
Повеќе од 230.000 домови и компании беа без струја од синоќа, според податоците од веб-страницата за следење на прекините, откако зимската бура зафати големи делови од САД минатиот викенд.












