среда, февруари 18, 2026
Дома СВЕТ Смртоносен гас во напуштено рударско окно: 37 локални жители настрадаа, а 25...

Смртоносен гас во напуштено рударско окно: 37 локални жители настрадаа, а 25 лица се хоспитализирани по труење со јаглерод моноксид

36

Најмалку 37 рудари загинаа, а 25 се хоспитализирани откако претрпеле труење со јаглерод моноксид во рудник во нигериската држава Плато, соопштија полициски извори и безбедносен извештај. Несреќата се случила во раните утрински часови во среда, објави „Ројтерс“.

Трагедијата се случила околу 5:45 часот наутро во рударско окно во Кампани, регион Васа.

Министерот за развој на цврсти минерали на Нигерија, Деле Алаке, рече дека инцидентот бил во напуштен рудник за олово каде што складираните минерали испуштале токсични гасови. Според него, селаните, несвесни за опасноста, влегле во тунелот за да копаат руда и го вдишале смртоносниот гас по патот.

Прелиминарните резултати од истрагата потврдија дека жртвите, на возраст меѓу 20 и 35 години, починале од вдишување гас додека работеле под земја.

ИЗДВОЕНИ