Кинески суд денеска осуди на смрт 16 осомничени членови на банда вмешана во сајбер измами, нелегално коцкање, трговија со дрога и проституција во регионот на Мјанмар што се граничи со Кина, објави државниот радиодифузер CCTV.
Петмина од 16-те добија условни казни од две години.
Суд во Венжоу, источна Кина, исто така изрече 11 доживотни казни и уште 12 затворски казни до 24 години, објави CCTV.
Ова беше едно од најстрогите колективни судења во последните години. Пресудата во првостепениот судски процес може да се обжали.
Семејството Минг и други банди се вклучени во широк спектар на криминални активности од 2015 година и се одговорни за смртта на 14 лица поврзани со сајбер криминални активности, од кои 10 биле принудно вработени и се обиделе да избегаат, додаде судот.