Смрт пред полна сала: Циркуска точка во Италија се претвори во трагедија

119
screenshot X

Возбудата на бројната публика во Неапол брзо се претвори во ужас кога 26-годишен акробат го загуби животот во Империјал Ројал Циркус.

Тројца мотоциклисти изведувале трикови во еден од најголемите и најстарите патувачки циркуси во Европа кога едно од нивните возила се лизнало, а другите две не можеле да избегнат судир. Несреќата се случила во петокот навечер во Неапол, додека мотоциклисти кружеле во голема метална топка за време на изведбата на „Глобус на смртта“. Шоуто се одвивало во темница, а видливи биле само LED светлата на костимите на тројцата мотоциклисти.

Чилеанскиот акробат (26) ја изгубил контролата врз својот мотоцикл и паднал во центарот на металната конструкција. Другите двајца мотоциклисти, 43-годишен Мексиканец и 43-годишен Колумбиец, се обиделе да го избегнат, но просторот бил претесен и судирот не можел да се спречи, објави „Wanted in Rome“.

Младиот 26-годишник починал во несреќата, а мексиканскиот акробат бил однесен во болница во критична состојба. Колумбискиот мотоциклист не претрпел сериозни повреди. Полицијата моментално собира видео снимки од гледачите во салата, а разговарала и со сведоци.

„Знам дека имаше многу деца кои беа сведоци на сè. Изразуваме искрено сочувство до семејствата погодени од оваа трагедија“, рече градоначалникот на Неапол, Доменико Еспозито.

Трагедијата длабоко го потресе семејството Дел’Аква, сопственици на Империјал Ројал Циркус, стара циркуска династија која е во бизнисот повеќе од еден век.

ИЗДВОЕНИ