Во тек е комплетна санација на оштетените подови во училниците и во ходниците во ООУ „Страшо Пинџур“, на вкупна површина од 780 квадратни метри. Со тоа, тие добиваат нов, безбеден и функционален изглед.
– Се заменуваат сите дотраени врати и првпат се интервенира на внатрешната водоводна и канализациска мрежа, која досега никогаш не била обновена. Вршиме и санација на санитарните јазли, со што се заокружува една суштинска фаза од подобрувањето на внатрешните услови – соопштија од Општина Ѓорче Петров.
Оттаму додаваат дека претходно целосно бил сменет азбестниот покрив на спортската сала и на училиштето, дека е изградено ново фудбалско игралиште и дека е инсталирано современо ЛЕД-осветлување.
– Во текот на целото лето, континуирано се работи на подобрување на условите во сите основни училишта на територијата на Ѓорче Петров.Образованието останува наш приоритет – децидни се од Општина Ѓорче Петров.