понеделник, февруари 16, 2026
Дома МАГАЗИН Смел нов дизајн: Лего и Крокс ги здружија силите – претставија кломпи...

Смел нов дизајн: Лего и Крокс ги здружија силите – претставија кломпи во форма на коцка/ФОТО

21
Фото: crocs.eu

Крокс и Лего ги здружија силите и претставија заеднички производ – правоаголни кломпи наречени ЛЕГО коцка кломпи (LEGO Brick Clog), кои веќе предизвикаа возбуда на социјалните мрежи.

Крокс и Лего Групацијата објавија глобално, повеќегодишно партнерство дизајнирано да ја прослави индивидуалноста, бојата и креативноста. Првото издание веќе предизвика турбуленции на интернет: ЛЕГО кломпите, смел нов дизајн кој ја трансформира класичната силуета на Крокс во светло црвена ЛЕГО коцка што всушност можете да ја носите. Лего кломпите во ограничено издание, кои ќе бидат во продажба на 16 февруари, чинат 150 долари. Секој пар колекционерски чевли доаѓа и со Лего минифигура со четири пара од нивните минијатурни Крокси.

„Безграничната имагинација на LEGO Group ги прави совршени партнери за чудесно необичниот дух на Crocs. Се гордееме што сме изградени поинаку, славејќи го самоизразувањето и охрабрувајќи ја креативноста. Едвај чекам нашите обожаватели да видат што создаваме заедно – навистина го скршивме калапот на начин на кој никогаш порано не сме го направиле тоа“, изјави главната директорка за маркетинг на Crocs, Карли Гомез.

Лего кломпата е направена од истата гумирана пластична пена како и другите кломпи на Crocs со ѓон дизајниран да личи на долната страна на Лего коцка.

ИЗДВОЕНИ