Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, реализираше хуманитарна и образовна активност, при што на учениците на кои им е најпотребно им подари смарт таблети.
Таблетите беа доделени на ученици од трите основни општински училишта, со цел да им се овозможат еднакви услови и непречено следење на наставниот процес на сите ученици.
Градоначалникот истакна дека вложувањето во образованието е еден од врвните приоритети на локалната самоуправа и дека Општина Илинден континуирано работи на унапредување на квалитетна, модерна и инклузивна настава за сите ученици.
Во рамки на празничните активности, беа доделени и новогодишни пакетчиња за децата од хуманитарното здружение на граѓани и лица со хендикеп „Илинден“. Дополнително, како израз на долгогодишната соработка, градоначалникот Георгиевски донираше и лаптоп за потребите на здружението.
Градоначалникот упати честитки по повод новогодишните и божиќните празници до сите ученици, со желби празниците да ги поминат во добро здравје, радост и со многу успеси. Општина Илинден, како и досега, така и понатаму останува посветена на поддршка на образованието и инклузијата на сите ученици.












