Службениот автомобил на Кордиќ се судрил со две возила: Позната состојбата на црногорската министерка

38
Foto: Printscreen/YouTube

Министерката за туризам, Симонида Кордиќ, е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила во 14:45 часот на главниот пат од Драгаљ на Грахово до Рисан.

Кордиќ билa во службеноto возило на совозачкото седиште кое се судрило со две други возила, објавува порталот Аналитика.

Кордиќ е хоспитализирана во Клиничкиот болнички центар во Котор и според неофицијални информации на CdM, во несреќата се здобила со скршеници на ребрата, надвор од животна опасност е, но останува на болничко лекување.

Службеното возило се судрило со две други возила на патот, по тунелот, на правиот пат во градот Драгаљ.

Во несреќата е повредено уште едно девојче. Овие повреди исто така не се сметаат за сериозни.

Црногорска министерка за туризам тешко повредена во сообраќајна несреќа

ИЗДВОЕНИ