„Слушнав, си сакал да разговараме“: Читач на усни го откри разговорот помеѓу Трамп и Маск на погребот на Чарли Кирк

46
Foto: EPA

Американскиот претседател Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск се сретнаа на погребот на Чарли Кирк во Аризона вчера, неколку месеци по нивната жестока јавна расправија.

Маск, бизнисменот и основач на Тесла, се ракуваше со Трамп во претседателската ложа, а двајцата разговараа кратко пред Трамп да гестикулира да се повлече.

Според читатач на усни Никола Хиклинг, Трамп му рекол на Маск: „Како си?“, а потоа додал: „Слушнав дека сакаш да разговараш“.

Маск ги крена рамењата, а Трамп предложи: „Ајде да се обидеме да смислиме како да се вратиме на вистинскиот пат“.

Потоа Маск кимна со главата, а Трамп му ја стисна раката и рече: „Ми недостигаше“.

За потсетување, Маск се скара со Трамп околу законот за даноци и трошоци на Трамп, кој Маск го нарече „апсолутно луд и деструктивен“. Расправијата, која се одвиваше претежно на социјалните медиуми, го наведе Маск да го обвини Трамп дека е вклучен во „Досиејата Епштајн“, документи поврзани со осудениот педофил Џефри Епштајн, според Дејли Меил.

ИЗДВОЕНИ