Бидејќи влегуваме во процес на распишани изборни процеси на избор и именувања, поради ограничувањата на законот, процесите ќе бидат стопирани. Од ноември ќе продолжиме со оној процес онаму каде што застанавме. Ако самиот се охрабри и даде оставка, повторно ќе влеземе во еден лавиринт во кој не можеме да бидеме поради ограничувањата што ги имаме. Ние можеме да избереме, но ќе биде спротивно на закон. Затоа има заменици таму. Коцевски, во интервју за весникот ВЕЧЕР, изјави дека „политиката им ја остава на политичарите“, но дека засега не планира да поднесе оставка, „туку уште поревносно ќе ѝ се посвети на работата, особено за неколкуте големи случаи по кои се постапува, како „Онкологија“, „Пулс“ и „Крмзов“, за кои, како што вели, поседува многу цврсти докази

Правните ограничувања во предизборниот период го блокираат процесот на разрешување на републичкиот јавен обвинител, Љубомир Коцевски, кому пратениците во Собранието минатата недела му изгласаа недоверба. Ова го потврди премиерот, кој појасни дека Владата нема правна можност да преземе конкретни чекори поради изборниот процес што следува.

– И да сакаме, не можеме да преземеме нешто, бидејќи влегуваме во процес на распишани избори. Така што сите процеси на избор и именувања, поради ограничувањата на законот, ќе бидат стопирани. Од ноември ќе продолжиме со оној процес онаму каде што застанавме. Ако се охрабри и даде оставка, повторно ќе влеземе во еден лавиринт во кој не можеме да бидеме поради ограничувањата што ги имаме. Ние можеме да избереме, но ќе биде спротивно на закон. Затоа има заменици таму – тие ќе ја заменуваат работата на јавниот обвинител сè додека не биде избран нов. Истото важи и за другите институции, не само за јавниот обвинител – додаде тој.

Премиерот го обвини Коцевски дека продолжил да ѝ биде лојален на претходната владејачка коалиција, ДУИ – СДСМ.

– Вие се сеќавате дека ме обвинуваа од опозицијата дека сум бил во некаква коалиција со него, дека сум диктирал обвиненија, дека сум опструирал обвинителни процеси итн. Во рамките на неколку минути, се демантираше сето тоа, дека е практично конструкција и лага. Видовте кои го поддржаа при гласањето – тоа беше поранешната Влада, пратениците од ДУИ, кои ме обвинуваа дека соработувам со него, при неговите етноцентрични одлуки со фокус на ужасната трагедија во Кочани. Ете, видовте каква е вистината, дека тој практично им е сè уште лојален на оние што претходно му дале поддршка, а тоа е коалицијата ДУИ – СДСМ – изјави Мицкоски.

Во понеделникот, пратениците во македонското Собрание ја поддржаа интерпелацијата за републичкиот обвинител Коцевски. Интерпелацијата нема правно дејство, што значи дека Коцевски останува сам да одлучи дали ќе поднесе оставка или, пак, Владата ќе биде таа што ќе продолжи со постапката за разрешување. Коцевски, во интервју за весникот ВЕЧЕР, изјави дека „политиката им ја остава на политичарите“, но дека засега не планира да поднесе оставка, „туку уште поревносно ќе ѝ се посвети на работата, особено за неколкуте големи случаи по кои се постапува, како „Онкологија“, „Пулс“ и „Крмзов“, за кои, како што вели, постојат многу цврсти докази.

Инаку, собранискиот претседател, Африм Гаши, истакна дека ќе го чека крајниот датум за да ги распише локалните избори, кои треба да се одржат во октомври, од причина што две важни институции останаа без првите луѓе, па во наредниот период ќе се направи обид да се фати последниот воз за да се избере народен правобранител, како и нов претседател на Антикорупциската комисија.

– Локалните избори во Македонија ќе се распишат до крајниот датум, во првата половина на август, за да се остави простор да се пополнат испразнетите места на народниот правобранител и на претседателот на ДКСК – вели претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Доколку Комисијата за прашања на изборите и именувањата донесе предлог-одлука за избор на народен правобранител и се постигне договор, имајќи предвид дека за оваа функција е потребено гласање и со Бадентер, Гаши вели дека веднаш би можел да свика итна седница. Пратениците ќе одмораат до 22 август, но Гаши вели дека законодавниот дом е во постојано заседание и дека доколку е потребно, пратениците ќе бидат повикани на седница и во текот на одморот.

ИЗДВОЕНИ