недела, февруари 8, 2026
Дома БАЛКАН Случај со каков што обинителството не се сретнало досега: Бугарската полиција истражува...

Случај со каков што обинителството не се сретнало досега: Бугарската полиција истражува смрт на шест лица – се сомнева на ритуални убиства

88

Бугарските власти истражуваат убиство на шест лица поврзани со невладина организација вклучена во еколошки активности, а полицијата соопшти дека истражува неколку верзии за настаните, вклучително и можноста убиствата да се поврзани со култ, пренесе „Танјуг“.

На почетокот на февруари, полицијата пријави убиство на три лица во планинска куќа во сопственост на невладина организација, која се наоѓа во близина на превојот Петрохан, објавија бугарските медиуми.

Во тоа време беше издадена потерница за тројца осомничени, вклучувајќи го директорот на организацијата и сопственик на куќа Ивајло Калушев, кој, според полицијата, избегал од местото на злосторството.

Според БТВ, во неделата, Калушев, 15-годишно момче, и 22-годишен маж биле пронајдени убиени во кампер во шумата, а биле откриени случајно од овчар.

На местото на настанот моментално се водат истражни дејствија, а полицијата го опколила местото. Нема официјални изјави во врска со овој нов инцидент.

Претходо, вршителот на должноста главен обвинител на републиката, Борислав Сарафов, презентираше детали од истрагата за инцидентот со „хорор кабината“, споредувајќи го со американската ТВ серија „Твин Пикс“.

„Работам како истражител и обвинител 31 година и видов многу, но она што го гледам сега дефинитивно ме шокира. Покрај тоа, не бев шокиран од самото убиство, туку од активностите на невладина организација која, се чини, се обидела да ја преземе работата на државните органи, но дејствувала во свои интереси“, рече претходно Сарафов.

Тој нагласи дека не можел ни да замисли дека нешто вакво постои.

Полицијата на 4 февруари потврди дека три тела со прострелни рани се пронајдени во близина на колиба во близина на Петрохан.

Според податоците од обдукцијата, се претпоставува дека поминале помеѓу 12 и 18 часа помеѓу убиството и откривањето на телата на трите жртви.

Голем број огнено оружје е пронајдено во колибата, која речиси целосно изгорела.

Инаку, колибата имала големо обезбедување – огради, бариери, безбедносни камери и опрема за надзор, вклучувајќи дронови.

Мажите што живееле таму тврделе дека „ја штитат шумата и животната средина“, честопати запирајќи туристи и локални жители, барајќи лична карта и ограничувајќи го пристапот до областа.

Истражителите се сомневаат дека еколошката невладина организација која ја поседувала колибата е поврзана со култ во кој се вклучени тинејџери и деца.

ИЗДВОЕНИ