Тој што вели дека кај нас, во Македонија, не се заработува(ло) од концерти, лаже. Заработките се одлични, а тоа добро го разбра и една од најпопуларните словенечки пејачки, добро познатата Сенидах (тоа ѝ е уметничко име, а потекнува од Босна, со словенечка адреса на живеење.) Без разлика на тие податоци, оваа мошне атрактивна Словенка, во Скопје ќе има голем солистички концерт на Денот на вљубените, како што самата го опишува. – Сите ние, на некој начин, сме вљубени во нешто. Од тие причини, дојдете на 14 февруари да се веселиме и да пееме сите заедно во скопската арена „Јане Сандански“. Концертот е во организација на продукција „Скајмјузик“, а тие на публиката и ветуваат врвна продукција, светски звук и импресивен сценски настапи на Сенидах.
Освен што тоа ќе биде моќен двочасовен настап, публиката во Скопје може да очекува и нејзини специјални музички гости. Засега ништо не открива, но се (о)зборува дека би можеле да бидат оние истите од нејзиниот концерт во Белград. А, таму настапија Цоби и Мањифико. Или, можеби, кај нас ќе ни се престави некој наш македонски пејач? Останува како деловна тајна, за да биде изненадување, но во секој случај, нема да биде промашување.
Инаку, Сенидах (Хајдарпашиќ) има трагична животна приказна. Како тинејџерка останува без татко ѝ, сестра ѝ завршува во кома, а таа со мајка ѝ се извлече жива од една тешка сообраќајна несреќа. По десетина години од несреќата, починува мајка ѝ на Сенидах, а тоа многу тешко ја погоди. Со месеци не комуницираше со никој, се затвораше во собата и ја преживуваше својата огромна болка. Кога успеа да застанe повторно на нозе и да почне да другарува со народот, нејзината пејачка кариера тргна по нагорна линија. Денес важи за една од најпопуларните на Балканот.
(Д. М.) фото: В.Д.












