Словенците се одлучија за големи промени во работните односи: Модел 80-90-100, што значи тоа?

4097

Словенечката влада гласаше за измена на Законот за регулирање на пазарот на трудот. Имено, работниците над 58 години, како и оние со најмалку 35 години стаж, ќе можат да изберат – да имаат слободен ден во петок, да го продолжат викендот или да работат шест часа на ден.

Моделот, наречен 80-90-100, предвидува 80 проценти работно време, 90 проценти плата и целосни придонеси како да работат 100 проценти. Оваа идеја делумно ги презема искуствата на Исланд, Ирска и Германија, каде што слични модели доведоа до позитивни резултати како што се поголема продуктивност, помалку отсуства од работа и подобра ефикасност.

Пилот-проекти веќе се спроведени во технолошки компании во Словенија, кои покажаа слични резултати.

Новите правила ќе се воведуваат постепено почнувајќи од 1 јануари 2026 за целосно да се применат до 2028 година, кога може да се воведат и дополнителни реформи, како бонуси за работа во сабота и пократка работна недела.

Амандманот на законот предвидува и зголемување на надоместоците за невработените, како и полесен пристап до пазарот на трудот за млади луѓе, студенти и пензионери, но изненадувачки, законот сега ќе им овозможи и на работниците кои се приближуваат кон пензионирање да ги намалат своите работни обврски.

Иако законот беше усвоен под итна постапка заради добивање европски фондови, Министерството за финансии изрази загриженост за буџетското оптоварување, проценето на над 40 милиони евра.

ИЗДВОЕНИ