Словачки „велеслалом“: По која рута Фицо долета во Москва?

319

Словачкиот премиер Роберт Фицо допатува во Москва каде денеска ќе присуствува на воената парада за Денот на победата.

Неговиот авион слета во руската престолнина синоќа околу 21 часот и 30 минути. по московско време.

Според медиумите, словачкиот специјален лет прелетал над Унгарија, Романија, Црното Море и Грузија.

Истата вест ја потврди и Ројтерс, кој објави дека словачкиот премиер Роберт Фицо бил принуден да направи „заобиколен пат“ до Москва, откако Литванија и другите балтички земји му забранија на неговиот авион да лета над нивниот воздушен простор.

„Словачкиот премиер во четвртокот отпатува за Москва за да учествува на Парадата на победата“ – се вели во соопштението.

Слични маки и за Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој во средата пристигна во Русија, беше во речиси идентична положба како и Фицо кога беше во прашање патувањето во Москва на воената парада за Денот на победата.

Авионот кој го превезувал српскиот претседател за Москва претходно бил задржан во Баку, каде се чекало дозвола за продолжување на летот, поради борбите меѓу Русија и Украина, јави Танјуг.

ИЗДВОЕНИ