понеделник, февруари 16, 2026
Дома КУЛТУРА Сликата „Сон“ на Фрида Кало би можела да стане најскапото уметничко дело...

Сликата „Сон“ на Фрида Кало би можела да стане најскапото уметничко дело насликано од жена

273
Фото:принтскрин, инстаграм

>Сликата „Сон“, автопортрет на мексиканската уметница Фрида Кало ќе биде понудена на аукција на аукциската куќа „Сотби“ на 20 ноември во Њујорк и има големи можности да стане најскапото уметничко дело што го насликала жена.

Автопортретот од 1940 година, на кој е прикажана како спие во кревет над кој се надвива огромен костур, беше претставен во петокот во Њујорк и е проценет на вредност помеѓу 40 и 60 милиони долари, пренесе денеска „Фигаро“.

Сликата е претставена во новиот главен простор на Сотби“ во Њујорк, во модернистичката „Бруер билдинг“ на Менхетен“, која долго време беше музеј, а од саботата е повторно отворена за јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sotheby’s (@sothebys)

Досегашниот рекорд за слика од Фрида Кало го има нејзиниот автопортрет од 1949 година, „Јас и Диего“, кој е продаден во Њујорк за 34,4 милиони долари.
Најскапата слика на една уметница досега е дело од 1932 година на американската уметница Џорџа О’Киф, кое во 1914 година вредност од 44,4 милиони долари.

ИЗДВОЕНИ