Слика на уметникот Густав Климт стана второто најскапо уметничко дело продадено на аукција

68
Шест лица учествуваа во дваесетминутното надавање за портретот на Елзизабет Ледерер, насликан меѓу 1914 година и 1916 година.

Аукциската куќа „Сотби“ не го откри идентитето на купувачот.

Најскапото продадено уметничко дело на аукција е „Спасителот на светот“ на Леонардо да Винчи, купено во 2017 година за 450.3 милиони долари.

Портретот го украдоа нацистите и е речиси униште во пожар во Втората светска војна, но е спасен во 1948 година.

Уметничкото дело му е вратено на братот на Ледерер, Ерих, пријателот на Климтовиот современик Егон Шиле.

Ледерер го продал во 1983 година.

Сликата ја прикажува Елизабета Ледерер, ќерка на еден од покровителите на Климт, во бел фуста пред сина таписерија со азиски мотиви.

Нацистите, кои ја анкетираа Австрија во 1938 година, ја ограбиле уметничката колеција на Ледерер, но ги оставиле семејните портрети, наведува Националната галерија на Канада.

Наследникот на козметичката империја Есте Лодер, Леонард А. Лодер, ја вброја сликата во својата приватна колеција во 1985 година.

Беше изложена во неговиот дом на Петтата авенија во Њујорк.

Пред аукцијата беше проценето дека сликата ќе биде продадена за 150 милиони долари.

Второрото најскапо продадено ументичко дело на Климт, „Дамата со ладало“, е купено зља 108.8 милиони долари во 2023 година во Лондон.

Тогаш се проадени уште неколку дела на Климт од колекцијата на Лодер како „Цветна ливада“ и „Шумски падини во Унтерхт на Атерзе“ која достигна цена меѓу 60  80 милиони долари.

На аукцијата е порадена и целосно функционална вц-школка од злато на уметникот Мауртициј Кателан за 5,2 милиони долари.

ВЦ-школката, тешка 101 килограм ја купил познат американски бренд, изјавија од „Сотби“.

 

ИЗДВОЕНИ