Нацијата мошне добро се подмлади, минатата година. Затоа да не се жалиме дека никој не “работи на случајот“. Велат, дека не само што младите се враќаат во татковината, туку младите (од најразлични професии) во Македонија грижно мислат и на своето потомство.

 Едина Муса, поранешна кошаркарка во 2025 година стана мајка. Таа на свет го донесе синчето Максим, а радосната вест беше пречекана со бројни честитки од пријателите и роднините. Таткото на малиот принц е поранешниот официјален сопруг на пејачката Тамара Тодевска, од која Мачка (како што нагалено го ословуваат) се разведе пријателски, без скандали. Водителот Миро Кацаров исто така доби принова во семејството. Во текот на 2025 година тој стана татко на син, започнувајќи со една нова приказна во својот живот.

Голема радост доживеа и македонскиот фудбалски репрезентативец и капитен Енис Барди. Тој и неговата сопруга во 2025 година ја добија ќеркичката Аја, а веста предизвика многу позитивни реакции кај сите и осбено кај љубителите на спортот. Димитар Апасиев, универзитетски професор и политичар, по вторпат стана татко. Со сопругата Тамара ја добија ќерката Сара, со што нивното семејство се зголеми.         Фолк пејачот Јордан Митев доби син во 2025 година. Бебето, го носи името Кристијан, бидејќи се роди на големиот христијански празник Крстовден, што за семејството има посебно значење. Поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски исто така ја сподели радоста на родителството, откако во 2025 година стана татко на син.

Некогашната поп-пејачка и сегашната инфлуенсерка Зои Блаж (Зорица Матијашич)од Скопје, доби ќерка во бракот со словенечкиот ракометар Тадеј. Таа радосно откри дека нивната принцеза го добила името Мариа. Инфлуенсерот Бомбакис по вторпат се оствари како родител. Во неговото семејство пристигна ќерката Јована, со што постарата ќерка Бисера доби сестричка. Хуманитарецот Борче Стаменов, познат по акцијата „Донирај компјутер“, во 2025 година стана татко на малата Каја, што беше пречекано со искрена радост од сите. Познатиот диџеј Марјан Мац Петровски со сопругата доби син по име Петар, збогатувајќи го семејството со наследникот.

Битолскиот поп-пејач Виктор Апостоловски во 2025 година за првпат стана татко. Тој го доби синот Адам, со што на Виктор му се исполни големата желба. А, беше при тоа и духовит велејќи дека “тешко кој маж може да ги поднесе породилните маки, како што жената може“. Така да за крај, сите што ги спомнавме, да ни се живи, здрави, среќни, весели, па и на свадба еден ден да им играме.

ИЗДВОЕНИ