Славните личности во хуманитарна акција: Собраа 5,5 милиони долари за помош на Палестина и Судан

20
EPA/ALLISON DINNER

Бела Хадид, Педро Паскал и други славни личности собраа 5,5 милиони долари на хуманитарниот концерт „Уметници за поддршка“ („Artists For Aid“), одржан во театарот Фонда во Лос Анџелес, наменет за помош на луѓето од Палестина и Судан.

Хадид на социјалните мрежи објави дел од атмосферата од настанот и им се заблагодари на сите кои придонеле за успехот на хуманитарната акција.

„Собрани се 5,5 милиони долари за помош за Судан и Палестина. Поминавме прекрасна вечер организирана од мојот драг пријател Мустафа Ахмед, а домаќин беше мојот многу драг пријател Педро Паскал, со цел да ја подигнеме свеста за двете итни и меѓусебно поврзани акции – за народот на Палестина и народот на Судан“, напиша таа.

ИЗДВОЕНИ