Славниот македонски дизајнер Златко Јовановски го прослави 30. роденден, за подарок доби табла јајца!  

287

– Не сум скромен, туку горд на себе. Се гледам во огледало и се воодушевувам што мојата невидлива златна круна сѐ повеќе сјае!

 Тетовци, по сè изгледа, ја обележаа претходната недела со своите активности, кои ја „стресоа“ државата, која и онака е нешто слабичка со летни настани, барем од оној гламурозен тип. Токму еден таков гламурозен настан се случи на прославата на 30. роденден на Златко Јовановски, македонски, но светски познат моден дизајнер.        Со своите креации за Јелена Карлеуша, Цеца Ражанатовиќ, Теа Таировиќ, Ава Макс, Талија и со настапот на гламурозните модните недели во Париз и во Лондон, постигна светски успех. Во Париз, освен што беше цел на светските медиуми, тој пријатно изненади облечен во црвена наметка од која „ѕиркаа“ 99 везени мини огледалца. Неговата модна колекција доби специфично име – „Нарцис“.Во родното Тетово, за својот славенички роденден, тој си посака: „На здравје, Златко! Некој мора да биде храбар, да светка и да сјае! Да не е така, овој свет би бил обична џунгла. Искрено, не сум скромен, туку горд на себе. Се гледам во огледало и се воодушевувам што сѐ повеќе сјае мојата невидлива златна круна“.

Така е Златко и така треба да продолжиш, да ја популаризираш македонската мода низ светот.  Кога веќе ти се дава шанса, кога ширум ти е отворена вратата. Само храбро, да се слушне и за твоето родно Тетово, бидејќи навистина си оригинален. Сите го велат тоа. Впрочем, како и твојата сестра со оригинален роденденски подарок за тебе – табла јајца! На секое јајце – напишана е оригинална порака: „Ти си роден да светкаш“, „Каде чекориш, оставаш трага“, „Твојата сестра многу те сака“…                                   (Д. М.) фото: ФБ

 

ИЗДВОЕНИ