Славниот готвач Гордон Ремзи останал без зборови од цените во ресторан на Француската ривиера

238
Славниот готвач Гордон Ремзи често нагласува дека во неговите јадења акцентот го става на квалитетот и вредноста, а неретко споделува и совењти за тоа како да го добиете најдоброто за вашите пари. Меѓутоа, се чини дека овој еден француски ресторан на југот на Франција, каде што се шокирал од цените, добива негова сериозна антипрепорака“, пишува хрватски Index.

220 евра за порција јастог

„Седевме во хотелот во Кан, и мојата сопруга нарача јастог затоа што обожава. Ѝ беше роденде, „вистинско уживање“, раскажа познатиот британски готвач Ремзи во разговор за „ЛАДБајбл“. Потоа, воздивнувајќи, додаде: 220 евра за јастог“.

Видно изненаден, тој продолжи: „Не сум циција и скржавец, никогаш не опсорувам сметка. Но 220 евра, што е тоа, по ѓаволите?“

Да знае мајка ми, би ме претепала

Со оглед на тоа што неговата сопруга не успеала да ја изеде целата порција, Ремзи ѝ излегол во пресрет – како што вели, не можел да седи ѝ да гледа како се фрла толку скап оброк.

„Да слушне мајка ми дека сум платил 220 евра за јастог на југот на Франција, би ме претепала. Таа месечно не троши толку пари за намирници“, се пошегува славниот готвач.

Сепак, тој заклучи дека секој си одлучува самиот за себе: Ако ве е нешто прескапо, тогаш не треба ни да го нарачувате“.

ИЗДВОЕНИ