Се си има почеток и крај! И ако нејзиниот живот е песна, славната пејачка на забавни мелодии Тереза Кесовија, која скоро наполни 88 години, одлучи да пресече и да им каже збогум на своите концертни настапи. – Мислам дека е доста. Имам доблест, местото да им го препуштам на младите пејачки сили. Не е до гласот, тој уште ме држи. Туку е до стасот. Годините се тука, таков е животот, никој од нас не е вечен, емотивно раскажа Тереза. Планира да одржи уште само неколку концерти кои најверојатно ќе бидат проштални.
–
–
–
– Тоа е мојата желба, но ќе видиме како ќе биде. Постојано ме боли ‘рбетот, ме болат колената, сè е тоа поврзано. Сакам да се збогувам со публиката преку песната, моите добро познати хитови. Не сакам да заминам без да не им се заблагодарам на сите тие прекрасни луѓе кои ме слушаат со децении наназад. Мојата успешна кариера трае повеќе од 60 години. Се надевам дека ќе соберам сила за тие концерти. Само треба физички сето тоа да го издржам. Малку со помош на бастун, малку повеќе со седење на стол на сцената. Не е важно како. Поважно е што мојата верна публика ќе дојде од сите четири страни на светот, за последен пат да ме слушаат во живо, вели Тереза.
Легендарната пејачка ги памти и сите свои концерти во скопската “Универзална сала“, секогаш исполнета до последното место. Ја пофали и соработката со музичкото семејство Тавитијан кога ја направија поп-преработка на македонскиот фолк-евергрин “Ајде, слушај, слушај, калеш бре, Анѓо“.
Исто така го памти и настапот на фестивалот “Скопје 71“ кога ја пееше убавата песна “Охрид и јас“ напишана за неа, од нашиот хитмејкер Александар Џамбазов.
–
–
Тереза со синот Алан
Таа воедно се присети и на еден свој многу значаен настап од пред десетина дена. Пееше на свадбата на нејзината внука Мила. – Беше толку многу емотивно. И воедно преубаво. Мојата Мила и нејзиниот сопруг Филип одеа на часови по танц, па во еден момент и професионално ни танцуваа на свадбата. Кога тој ја крена над неговата глава, јас само си помислив: „Не ја пуштај сега, држи ја цврсто“, раскажа расположената Тереза низ долгата смеа. (Д.М.) фото: архива-ФБ-Инстаграм












