Славчо Мисајлески е новиот претседател на Советот на Општина Ѓорче Петров

127

Славчо Мисајлески е избран за нов претседател на Советот на Општина Ѓорче Петров. Тој во моментот го реализира својот втор мандат во локалниот советнички состав.

Мисајлески е познат по својата досегашна посветеност и активна улога во советничката работа, а со новата функција ќе го преземе раководењето со највисокиот општински орган на одлучување.

-Верувам дека Славчо Мисајлески ќе го вложи целиот свој капацитет, искуство и енергија во интерес на граѓаните и во насока на уште поефикасна и одговорна работа на Советот. Му го честитам изборот и му посакувам успешна и конструктивна работа – истакна градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски по по повод изборот на новиот претседател.

Покрај изборот на нов претседател, Советот доби и нов член – Бранкица Дукоски од урбаната заедница „Хром“, исто така од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Таа на денешната седница положи заклетва и официјално го започна својот мандат како дел од советничкиот тим.

-Со вклучувањето на Бранкица Дукоски, жителите на Хром добиваат автентичен и посветен претставник кој доследно ќе ги застапува нивните интереси – изјави Стојкоски.

Новото раководство на Советот веќе стапува на функција, а следната работна седница се очекува наскоро, со засилено темпо за реализација на локалните политики и проекти.

ИЗДВОЕНИ