Скриена порака за Трамп? „Индија тудеј“ прикажа цртан филм со Путин и Моди на мотроцикл

0

Tелевизискиот канал „Индија тудеј“ прикажа цртан филм со индискиот премиер Нарендра Моди и рускиот претседател Владимир Путин, кој е во дводневна посета на Индија.
Во цртаниот филм, Путин и Моди возат мотоцикл покрај нафтени платформи и пеат позната индиска песна за пријателство. Во заднината се гледаат ракетните системи С-400, кои Русија ѝ ги испорачува на Индија, објавува рускиот медиум „Известија“.

На самиот крај, се појавуваат две бензински пумпи, на едната пишува „Русија“, а другата „САД“. Американскиот претседател Доналд Трамп стои пред американската бензинска пумпа, гледајќи го мотоциклот на Путин и Моди. Индискиот премиер полни гориво на станицата „Русија“ и си заминува, оставајќи го Трамп зад себе.

Многумина се прашуваат дали цртаниот филм е направен за да се прати скриена порака до САД без да се употребат зборови.

Путин пристигна во Њу Делхи во четвртокот, а индискиот премиер го прекрши протоколот кога го пречека.

ИЗДВОЕНИ