– Како и сè друго. Секое чудо за три дена. Она што е убаво не го чуваме. Остана само кичот со кој се „гордееме“ – коментираат граѓаните. Други, пак, додаваат дека атракциите чинат пари, одржување, а некој треба да го плати тоа. – Кочијата и целата опрема заедно со едниот коњ се кај нас, бидејќи ни беа предадени со одлуката на Советот на Град Скопје, пајтонот сега не се вози, бидејќи не може да функционира со еден коњ, а и тој е стар – објасни директорот на Зоолошката градина, Зоран Попов.

Тој додаде дека пајтонот е убаво покриен и заштитен, но е функционален и е во добра состојба и се користи само еднаш во годината – со него се вози новиот кум-бадникар за традиционалната прослава по повод христијанскиот празник Бадник, што се одржува на платото пред Соборниот храм

 

Скопјани со жалење прашуваат што се случи со пајтонот и со двата коњи липицанери кои возеа низ центарот на градот и претставуваа туристичка атракција.

– Како и сè друго. Секое чудо за три дена. Она што е убаво не го чуваме. Остана само кичот со кој се „гордееме“ – коментираат граѓаните. Други, пак, додаваат дека атракциите чинат пари, одржување, а некој треба да го плати тоа.

Така и се случи. Овој проект кој се реализираше во рамките на Скопје 2014, како и многу други проекти пропаднаа, иако беа дадени многу средства. Според статистиката на Град Скопје, од почетокот на проектот до крајот на 2018 година, за пајтонот биле направени трошоци во висина од речиси 11 милиони денари, а приход од него имало незначителни 1,2 милиони денари. За одржувањето на пајтонот и на коњите по нивното пристигнување се грижеше лунапаркот.

Сега кочијата собира прашина. Таа и едниот коњ Сигојно, бидејќи другиот – Монтоја пцовиса, се наоѓаат во скопската Зоолошка градина.

– Кочијата и целата опрема заедно со едниот коњ се кај нас, бидејќи со одлуката на Советот на Град Скопје ни беа предадени, пајтонот сега не се вози, бидејќи не може да функционира со еден коњ, а и тој е стар – објасни директорот на Зоолошката градина, Зоран Попов.

Тој додаде дека пајтонот е убаво покриен и заштитен, но е функционален и е во добра состојба и се користи само еднаш во годината – со него се вози новиот кум-бадникар за традиционалната прослава по повод христијанскиот празник Бадник, што се одржува на платото пред Соборниот храм.

Попов вели дека друштво на Сигојно му прави уште еден коњ.

За тоа дали постои можност пајтонот повторно да се најде на скопските улици, Попов вели дека за да може тој да профункционира, треба да се најдат расни и млади коњи кои би имале снага да го влечат.

– Од друга страна, немаме ниту вработени за да можеме да обезбедиме движење надвор од Зоолошката градина. Освен тоа, за тоа што ќе се случува со пајтонот треба да одлучи новата гарнитура на Советот на Град Скопје, ние самостојно не смееме да одлучуваме – нагласи Попов.

Пајтонот престана да вози кон средината на 2018 година. Град Скопје се откажа од него, бидејќи како што објасни тогашниот градоначалник, немало интерес кај граѓаните за него, наспроти големите трошоци за неговото одржување. Потоа, имаше обид пајтонот со комплетната опрема и липицанерите да се стават на продажба, но и тоа не успеа. Набргу потоа, пцовиса и Мантоја, кој беше стар околу 14 години.

Пајтонот низ Скопје почна да вози во 2013 година. Двата бели коњи од расата липицанер беа донесени од одгледувачница од Грција. Целта на проектот беше разгледување на спомениците и објектите од проектот „Скопје 2014“. За купување на коњите од Грција и набавка на кочија беа потрошени околу 40.000 евра. Цената на билетите за возење во пајтонот беше 50 денари за деца и 100 денари за возрасни.

(А.П.)

ИЗДВОЕНИ