Екипите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје веднаш излегле на терен, но при гаснењето на пожарот, како што информираше Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, биле попречувани од припадници на една етничка заедница која живее на и околу опожареното место, поради што била побарана полициска интервенција за непречено одвивање на гаснењето. Според информациите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата со пожарите вчера до 12:00 часот, овој пожар сè уште беше активен. Многу пати е пишувано дека скопскиот Аквадукт е запоставен од надлежните институции, но и дека околината е претворена во депонија – бидејќи несовесни граѓани фрлаат отпад – наместо во туристичка атракција
На пожарите не остана имун ниту скопскиот Аквадукт. Пожарот што се случи вчера попладне зафатил трева и грмушки, но и голема количина расфрлано ѓубре. За среќа, огнените јазици не стигнале до древниот објект, кој, како споменик од особено значење доби највисок степен на заштита, со години не е заштитен.
Екипите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје веднаш излегле на терен, но при гаснењето на пожарот, како што информираше Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, биле попречувани од припадници на „една етничка заедница“ која живее на и околу опожареното место, поради што била побарана полициска интервенција за непречено одвивање на гаснењето.
Според информациите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата со пожарите денеска до 12:00 часот, овој пожар сè уште беше активен.
Многу пати е пишувано дека скопскиот Аквадукт е запоставен од надлежните институции, но и дека околината е претворена во депонија – бидејќи несовесни граѓани фрлаат отпад – наместо во туристичка атракција.
Поради ѓубриштето во околината, најголемата еколошка акција во државава, „Генералка викенд“, во мај годинава почна таму, но, за жал, скопскиот Аквадукт набрзо повторно беше претворен во депонија.
Инаку, денеска до 12:00 часот, на територијата на државата имаше вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои четири активни, три под контрола, а три изгаснати.
Според ЦУК, освен пожарот во близина на Аквадуктот, каде што гори нискостеблеста вегетација, активни се и: пожарите на Кожуф Планина, кај селото Петрово во Општина Гевгелија, каде што гори букова шума; на планината Добра Вода во Општина Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација и во селото Брест, Малина Маала, Општина Чуер Сандево, каде што гори шума.
Под контрола се пожарите: во селото Трубарево, во селото Виниче, место викано Муратица – Општина Гази Баба, каде што гори нискостеблеста шума и во селото Батинци во Општина Студеничани, каде што горат ниска вегетација и мешана шума.
Изгаснати се пожарите во селото Банско во Општина Струмица и во селото Бели во Општина Кочани, каде што гореа депонии, како и во Тетово, каде што гореше ѓубре.
Инаку, просечната концентрација на суспендирани цврсти честички (PM10) во Трубарево, измерена во периодот од 21 септември во 8:30 часот до 22 септември во 8:30 часот, изнесувала 14,2 микрограми на кубен метар, информираше Министерството за животна средина и просторно планирање. Највисоката вредност регистрирана во тој период била 44,1 микрограм на кубен метар, додека тековното ниво на мерење изнесувало 11,9 микрограми на кубен метар.
Од Министерството нагласуваат дека овие резултати се во рамките на дозволените и не ја надминуваат 24-часовната гранична вредност пропишана за заштита на здравјето на граѓаните, согласно со уредбата за квалитетот на амбиентниот воздух.
– Податоците од мерењата потврдуваат дека состојбата со квалитетот на воздухот во Трубарево, во наведениот период, е стабилна и не претставува ризик за здравјето на населението – велат од Министерството.
Инаку, по барање на МЖСПП, штипската лабораторија АМБИКОН изврши индикативни мерења на суспендирани цврсти честички – фракција ПМ10 во зоната на Трубарево, во периодот 14-18 септември 2025 година. Мерни места се локацијата ММ1-АК, оддалечена 50 метри од пожарот и локацијата ММ2-АК, 150 метри од пожарот, во дворот на основното училиште во селото. Клучни резултати од мерењата се просечни концентрации ПМ10: 36-44 микрограми на кубен метар, сите во рамките на дозволената 24-часовна гранична вредност од 50 микрограми на кубен метар.
– Материите содржани во честичките (Na, Mg, Al, Si, S, K, Ca, Fe, Cu, Zn, Pb и други) се во рамките на нормалните вредности за урбани средини. Концентрациите на ПМ10 се безбедни и не ја надминуваат законската граница. Се препорачува континуиран мониторинг во близина на местото на пожарот, особено при активности за чистење и рехабилитација на локацијата – се наведува во извештајот на лабораторијата АМБИКОН.
Аеродромци се решени да истраат до крај
Аеродормци се решени да истраат до крај. Тие секојдневно протестираат кај мостот „Близнаци“ и во паркот „Авионче“. Формираната иницијатива „Стоп за Вардариште“ веќе ги достави до надлежните конкретните барања за, конечно, затворање на поглавјето „Вардариште“. Меѓу другото, бараат: воспоставување 24-часовен јавно достапен видеонадзор на поранешната депонија „Вардариште“; деноноќно физичко обезбедување; итно иселување и соодветно згрижување на лицата што живеат бесправно на територијата на „Вардариште“; поставување ограда околу депонијата; започнување процес за нејзино, конечно, затворање; откривање и казнување на потпалувачите и на организаторите на пожарите, како и ригорозни мерки против граѓаните и правните субјекти што ќе продолжат да фрлаат отпад во „Вардариште“.
Се закануваат дека ќе ги интензивираат протестите и блокадите доколку не им бидат исполнети барањата до четврток.
– Граѓаните, според Уставот, имаат право на чист воздух и на здрава животна средина. Бараме веднаш да започне процес на исполнување на овие барања од надлежните институции, и тоа јавно, транспарентно и со јасни рокови за нивно исполнување – децидни се од „Стоп за Вардариште“.
Тие ги повикаа мајките, кои играат со своите деца пред зграда, како и студентите, пред почеток на новата учебна година, да им се придружат во борбата против загадениот воздух.
(А. П.)