вторник, февруари 24, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски меѓу гостите на традиционалната ифтарска вечера: Таму каде што...

Скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски меѓу гостите на традиционалната ифтарска вечера: Таму каде што почитта нè обединува!

19
Фото:фб

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски вечерва на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствувал на традиционалната ифтарска вечера.

„Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед“, сподели тој.

Заедно со скопскиот градоначалник, на иста маса беа седнати и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, собранискиот спикер, Африм Гаши, министерот за здравство, Азир Алиу и првиот човек на општина Тетово – Билал Касами.

Ѓорѓиевски сподели дека  вечерта поминала во пријатна и топла атмосфера, во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво.

„Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел. Рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување. Денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.

Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, порача Ѓорѓиевски на ФБ.

ИЗДВОЕНИ