Скопје вечерва е задушен од силен непријатен мирис: Причината е во промената на правецот на ветерот, од Дрисла кон градот, појасни директорот на ДЗС

58
Фото:принтскрин, Државен инспекторат за животна средина, фб

Жители на скопските населби Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода, Пинтија и Драчево вечерва се жалат дека во воздухот мириса на чад и на изгорена пластика, а во очите и грлото се чувствува неподносливо печење.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојаче Ангелов вечерва појасни дека неподносливата смрдеа која вечерва се чувствува низ цело Скопје е последица на промената на правецот на ветерот кој дува од депонијата Дрисла кон главниот град.

– Вечерва ветрот го смени правецот и дува од депонијата Дрисла во насока на Скопје поради што во делови од Скопје се чувствува силен непријатен мирис, објасни директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

И вечерва но и во текот продолжуваат активностите за затрупување на депонијата Дрисла. Активностите за затрупување ќе бидат дополнително засилени рано наутро.

За утре се планирани и повеќе дополнителни активности на дивата депонија Вардариште, за што дополнително ќе информирам утре претпладне. – вели Ангелов.

ИЗДВОЕНИ