недела, февруари 8, 2026
Дома МАГАЗИН Скопје со тетовираниот Божо Вреќо во магијата на босанска севдалинка

Скопје со тетовираниот Божо Вреќо во магијата на босанска севдалинка

323

Наскоро во Македонската филхармонија! Познатиот, но и контроверзниот босански пејач, Божо Вреќо, за кого велат дека е крал на модерната босанска севдалинка, ќе има свој концерт во Скопје, на 21 ноември во Македонската филхармонија. Чуден е со својата физичка појава, поради долгите женски фустани во кои е облечен на сцената, со потпетици и со женските фризури, а со густа брада како маж.

Вреќо подготвува гламурозно музичко доживување за сите љубители на севдалинките. Престижниот „Њујорк тајмс“ за него напиша дека е „човекот со ангелски глас“. На скопјани и на публиката од цела Македонија кои не пропуштаат да го слушаат, им ветува двочасовна музика исполнета со емоции. Неговите концерти секогаш ветуваат голема и незаборавна народна забава.

Вреќо, во Скопје премиерно настапи во 2020 година, во Македонската опера и балет, каде што ја освои публиката. На концертот во Филхармонија, Божо ќе  пее за љубовта, за копнежот и разделбата, ќе зборува за тагата, меланхолијата и за осаменоста – емоции кои преку неговиот глас добиваат магична форма. Освен со неговите познати изведби на традиционалните севдалинки, Божо Вреќо изненадува и со нови композиции и текстови, создадени во соработка со врвни светски музичари.  (Д. М.)

 

ИЗДВОЕНИ