Според податоците на светскиот сервис „Ај -Кју-Ер“, индексот на квалитетот на воздух утрово во 9 часот во Скопје беше 172 што според категоризацијата е „нездрав“ за дишење.
Со тоа Скопје се устоличи на неславното второ место (позади Сараево) по аерозагадување, додека македонската метропола утрово беше на седмото место по загаден воздух во светот.
Екстремна загаденост бележи и новиот портал на Министерството за животна средина и просторно планирање. Во моментов мерната станица Центар во Скопје покажува дека концентрацијата на ПМ10 честички изнесува 201,07 μг/м3 што е четири пати повеќе од дозволените 50 μг/м3, додека концентрациите во воздухот на ПМ2,5 честички изнесува 141,58 μг/м3, а се смета дека 24-часовната концентрација на ПМ2.5 се оценува за нездрава кога се зголемува над 35,4 μг/м3.

На веб поратлот https://air.moepp.gov.mk/ може да се види дека покрај Скопје нездрав воздух утрово дишат и граѓаните на Битола, Тетово и Куманово. А поради надминат прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 μг/м3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерното место во Кичево и во Струмица, поради што Министерството за животна средина ги активира мерки и препораките што треба да ги спроведат локалните самоуправи.

(С.Бл.)












