четврток, октомври 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Скопје се гуши во чад: Нов пожар кај Стенковец, скопјани и натаму...

Скопје се гуши во чад: Нов пожар кај Стенковец, скопјани и натаму ќе чувствуваат смрдеа

122

Во непосредна близина на спортскиот аеродром Стенковец попладнево изби нов пожар, каде што гори дива депонија. Од огнот се шири голем црн чад, кој се движи во правец кон Скопје.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, информира дека скопските пожарникари веќе се на терен и интервенираат на пожарот.

„Откако ќе биде совладана надворешната линија за да се спречи ширењето, фокусот ќе биде ставен на самото ѓубре. При гаснењето ќе се создава уште поголема пареа и црн чад, па скопјани за жал и во следниот период ќе чувствуваат силен мирис“, изјави Ангелов.

ИЗДВОЕНИ