Како и повеќето градови во Македонија, и Скопје утрово осамна во магла. Градот практично како да исчезна под нозете на граѓаните, кои и понатаму лебдат во облаци загаден воздух. Видливоста не го отежнува чувството на отежнато дишење, печење на очите и неможност за нормално функционирање на граѓаните.
На Страницата на Ајкјуер утрово стои дека квалитетот на воздухот е во опасна, портокалова фаза и изнесува 119 мерни единици, правејќи го опасен за чувствителните групи граѓани.
Фото:Ѕ.Плавевски












