Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер и појава на град. Невремето зафати повеќе делови од градот.
Во повеќе скопски општини беа забележани наноси од мраз, а граѓаните на социјалните мрежи споделија фотографии од дворови, покриви и возила покриени со слој од град.
Од надлежните служби засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица, но се апелира на внимателност и следење на временските прогнози.
Метеоролозите најавуваат дека нестабилното време ќе продолжи и во наредните часови, со можност за нови локални врнежи и грмежи.