„Скопје фуд парк“ во Паркот на Франкофонијата

74

Од 8 до 11 мај, во Паркот на франкофонијата во Општина Центар, Скопје ќе биде домаќин на првото издание на „Скопје фуд парк“ – урбано гастрономско катче на отворено што обединува улична храна, пијалаци, музика и забава за сите генерации.

На едно место ќе се соберат некои од најинтересните улични храни и гастро ентузијасти кои ќе понудат креативни и вкусни деликатеси. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во вкусна храна со придружба на жива музика, диџеи сетови и забавна програма за деца и возрасни.

„Скопје фуд парк“ е настан кој промовира урбана култура, локално претприемништво и заедничко дружење преку храната. Toj e поддржан од страна на Општина Центар.

Фестивалот има за цел да стане традиционален пролетен настан кој го збогатува културниот и социјален живот на главниот град. Влезот е бесплатен, а добрата енергија – загарантирана.

ИЗДВОЕНИ